Живот

Ова се најважните дрва во Светот

Дрвата се потсетник за тоа колку природата е издржлива и силна. Кои се најбитните дрва во светот?

1. Најстарото дрво во светот

Boardwalk walkway through redwood forest
 

Не е лесно да се датира староста на едно дрво, но повеќето експерти викаат дека еден бор (Pinus longaeva) во Белите Планини во Калифорнија е стар 4700 години. Тој има прекар Метусела, според библискиот патријарх Метусела за кој се верува дека живеел 969 години. Точната локација на Метусела се чува во тајност поради страв од вандализам.

2. Најстарите клонови во светот

Fall Aspens (Populus tremuloides)

Погорниот рекорд се однесуваше на единствено, индивидуално дрво. Но, постојат дрвни системи кои се наречени клонови. Тие потекнуваат од еден коренов систем, но имаат многубројни стебла. Најстара таква формација се верува дека е формација на клонови од јасики или трепетлики (Populus tremuloides) во Јута. Генетските тестирања викаат дека оваа мала шумичка од клонови наречена Пандо, треба да е стара околу 80000 години! Се смета дека е еден организам, дека тежи околу 6000 тони и дека е најстариот и најтежок жив оорганизам на Земјата!

3. Најголемото дрво во светот

Tourists gathered by the General Sherman Sequoia Tree

Гледано од страна на волумен, џиновската секвоја (Sequoiadendron giganteum) позната како Генерал Шерман, е право чудовиште – во волумен е голема околу 1487 кубни метри. Се наоѓа во Националниот парк на Секвоите во Калифорнија и е една од главните атракции таму. Таа е исто така и доста висока (83 m) но не го носи статусот на највисоко дрво во светот.

4. Највисоко дрво во светот

A hiker stands amongst giant Redwood Trees

Највисокото дрво во светот е наречено Хиферион, е исто така секвоја, но од друг вид  (Sequoia sempervirens) и е високо 115.7 метри. Лоцирано е некаде во Redwood Националниот Парк, исто во Калифорнија, но точната локација е тајна за јавноста.

5. Најширокото дрво во светот

Arbol Del Tule

Најширокото дрво во светот е наречено Арбол дел Туле, е мексиканскиот таксодиум  (Taxodium mucronatum) лоциран во Оаксака, Мексико. Крошната му е широка цели 11.58 метри!

Тагови

Поврзани вести