Свет
Ова се најбезбедните европски дестинации за одмор
Доколку планирате одмор оваа година, организацијата European Best Destination има припремено листа за најбезбедни дестинации во Европа. На прво место секако е Грузија.

European Best Destination има направено листа од 20 најсигурни дестинации во Европа за посета. Летото е пред праг па не е лошо да се информирате на време, каде и што можете да очекувате.
Дестинациите кои ги издвои European Best Destination на некој начин најдобро поминаа во времето на коронавирусот, со благи епидемиолошки ситуации и навистина низок број на смртност по број на жители. Покрај тоа, овие земји се рангирани и по нивниот здравствен ситем, нивната организација за превенција и заштита во хотеллите, рестораните и продавниците.
Прва на списокот секако е Грузија, односно главниот град на Тбилиси, како дестинација која ги има сите занимливости кои туристите можат да ги очекуваат од една земја со богата историја и култура. На второ место е Крф, а на трето Цавтат во Хрватска.
Ова се дестинациите кои се издвоени како најбезбедни за посета:
- Тбилиси,Грузија

2. Крф

3.Цавтат,Хрватска

4. Азурски острови,Португалија

5. Превеза
6. Алантењо,Португалија

7. Батуми,Грузија

8. Загреб,Хрватска

9. Алгавре,Португалија

10. Сибиу, Романија

11. Котор, Црна Гора
![]()
12. Ријека, Хрватска

13. Варшава, Полска

14. Виена, Австрија

15. Бохињ, Словенија

16. Малта

17. Грањск, Полска

18. Вилнус, Литванија

19. Riga, Letonija

20. Divlja Tajga, Finska



