Македонија

Обнова на старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули

ЈКП „Комуналец“- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа започна голема еко-акцијата за засадување на дрвја.

Комуналците, како што информираат од претпријатието, од денеска започнаа со засадување на дрвја по булеварот на потегот од споменикот на Прилепски бранители до Автобуската станица. Дрвја од видот липа се засадуваат на местата на старите, дотраени и искорнати липи.

Пролетва, планот на Локалната самоупрва  е еко-акцијата за засадување на дрвја да се одвива етапно на повеќе локации низ градот и населените места.
Липа, костен, бреза, и јасен ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули.

Тагови

Поврзани вести