Свет

Нов Зеланд: Воведен карантин во град со два милиони жители поради еден случај на коронавирус

Градоначалникот на Окланд, Фил Гоф, ги повика жителите да се вакцинираат, откако најголемиот град во Нов Зеланд за време на викендот влезе во четвртиот карантин од почетокот на пандемијата, додека градот ќе загуби скоро 22 милиони долари на ден поради ограничувачките мерки, објави „Ројтерс“.

Премиерката Џасинда Ардерн воведе седумдневен карантин во град со два милиони жители поради еден случај на инфекција со коронавирус, нагласувајќи дека подобро е да се спречи отколку да се лекува.

Поради ваквиот пристап, многу светски експерти му оддадоа признание на Нов Зеланд заради еден од најдобрите начини на одбрана од коронавирус во светот, сепак, не им се допадна последната блокада на сите, па затоа некои граѓани ја критикуваа оваа одлука на социјалните мрежи.

Фил Гоф рече дека градот ќе изгуби околу 200 работни места и 21,7 милиони долари на ден поради карантинот.

„Вакцините во Окланд мора да бидат наш приоритет со цел да се спречат блокирања во иднина, да се заштитат работните места и приходите и да се осигури дека Окланд може да учествува во економското закрепнување на земјата“, рече Гоф.

Според последната блокада, спортските и културните настани се откажани или одложени, а има и пад на сообраќајот затоа што луѓето мораа да минуваат часови низ полициски контролни пунктови на враќање од работа во петокот.

Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд откри повеќе од 2.000 случаи на коронавирус, со 26 починати.

Тагови

Поврзани вести