Македонија
Нова опрема за Русино: депонијата со засилени капацитети

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира промотивен настан по повод официјалната презентација и ставање во употреба на новоиспорачаната специјална опрема за депонијата Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.
Како што информира, станува збор за инвестиција вредна 1.114.200 евра, финансирана преку заем од Европската банка за обнова и развој.
На настанот се очекуваат обраќања на високи владини и претставници од ЕБРД, Амбасадата на Швајцарија, како и од локалната самоуправа.



