„Да се биде крунисана за Мис на светот е остварување на сон. Длабоко сум почестена што ги претставувам мојата земја и вредностите на ‘убавина со цел‘ на глобалната платформа“, изјави 23-годишната студентка по право. Таа ја прими круната од досегашната мис, Каролине Бјелавска од Полска. На натпреварувањето во Мумбај учествуваа 112 земји, од кои 40 влегоа во финалето.