Македонија

Небулоза: „Градски паркинг“ лани инкасирал повеќе од 3,5 милиони евра ?!

Во 2023 година од вкупно остварените приходи од речиси 258 милиони денари, нешто повеќе од 227 милиони денари се од јавните паркиралишта, кои на претпријатието му донеле за 13,59 отсто повеќе пари отколку во претходната година. Каква небулозна информација за грабежот кои се врши врз граѓаните во Скопје, да се фалиш со профит од наплата на паркинг кои е во сопственост на истите граѓани!

Дали Јавното претпријатие „Градски паркинг“ е направено за организација и контрола на паркирањето на автомобилите во Скопје или за терор и грабеж на граѓаните?

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ и годинава продолжува да се „шири“(пазете: шири!) низ Скопје, односно да го регулира паркирањето на сѐ повеќе јавни површини низ општините. Според Инвестиционата програма за 2024 година, која иако е крај на април, сѐ уште не е усвоена од градските советници, а која претпријатието на терен веќе ја реализира, паркирањето ќе се наплатува во делови од Карпош, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Сарај.

Годинава, пак, според програмата, се планира зонското да ги опфати населбите Карпош 1 и Карпош 2, каде што повеќе од еден месец функционира наплатата, но ќе се воведе и во Карпош 3 и Карпош 4, на просторот кај Млечен ресторан и Економија на територијата на општина Карпош. Во општина Аеродром зонско ќе има во Мичурин, Реонски Центар и во населбата Ново Лисиче, во Гази Баба во Автокоманда и во индустрискиот дел на општината, а регулирано, односно наплата на паркирање ќе има и во дел од општините Чаир, Кисела Вода и Сарај, но во Програмата за инвестиции не е прецизирано точно на кои локации.

Тагови

Поврзани вести