Македонија

Мицкоски се сретна со германските амбасадори, во фокус соработката и евроинтеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата се сретна со германските амбасадори во регионот, при што разговарале за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Како што информираше преку социјалните мрежи, во фокусот на разговорите биле економските односи, процесот на европска интеграција и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области.
–Денеска во Владата одржавме средба со германските амбасадори во регионот, на која разговаравме за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Во фокусот беа економските партнерства, европската интеграција, како и можностите за заеднички иницијативи во повеќе области од заемен интерес, стои во објавата.

Мицкоски посочи дека средбата претставува чекор кон понатамошно зајакнување на односите со Германија, која ја оцени како важен стратешки партнер.

Тагови

Поврзани вести