Свет

Тензиите растат: Оман бара дијалог меѓу САД и Иран

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, предупреди дека САД ја губат контролата врз својата надворешна политика и повика на итно запирање на, како што ја оцени, нелегалната војна на Блискиот Исток.

Во авторски текст за Економист, тој наведува дека САД и Иран биле блиску до договор за нуклеарната програма, но новите напади на Израел и САД ги прекинале шансите за дипломатско решение.

Албусаиди оценува дека иранскиот одговор бил „неизбежен“, иако неприфатлив, додавајќи дека регионот, особено земјите од Персискиот Залив, трпат најголеми последици од ескалацијата.

Тој предупредува дека затворањето на Ормускиот Теснец може да предизвика глобални економски последици, вклучително и ризик од рецесија.

Според него, вклучувањето на САД во конфликтот е стратешка грешка, а секој обид за промена на режимот во Иран би значел долготрајна и неизвесна војна.

Како излез, оманскиот министер повикува на обновување на дијалогот и предлага регионален договор што би вклучувал нуклеарна транспарентност и пакт за ненапаѓање.

Тагови

Поврзани вести