Македонија

Метео: Февруари ќе заврши со пролетни температури

Целата наредна седмица во Македонија температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, која ќе донесе многу повеќе сончеви периоди, суво време и натпросечно високи температури.

Особено во Повардарието и во југоисточните делови од земјата, температурите во текот на седмицата ќе се искачуваат и до близу 20 степени, што значи дека ќе владее вистинско пролетно време.

Натпросечно топло време се очекува и во најголем дел од европскиот континент, како и на целиот Балкан, по долгиот период на врнежливо и нестабилно време.

 

Тагови

Поврзани вести