Македонија
Метео: Од недела се очекува враќање на зимските температури

Според најновите ажурирања на прогностичките модели, постои можност од 17 март 2026 година кон Балканот, вклучително и Македонија, да се спушти постуден воздушен бран од север.
Во такво сценарио би можело повторно да дојде до значително намалување на температурите и враќање на зимските временски услови. Снег најверојатно би имало на планинските и повисоките места, а можно е и појава на утрински мразеви.
Според моменталните прогнози, не е исклучена можноста снег да се појави и на места со пониска надморска височина, односно под 1000 метри.
Метеоролошката состојба внимателно се следи, а повеќе информации и подетални прогнози се очекуваат во наредните денови.



