Македонија
Метео: Денеска претежно облачно со услови за дожд во вечерните часови

Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Штип, а најниската минимална температура утрово е евидентирана во Берово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Демир Капија и Штип наврнало 6 литри на квадратен метар, 4 – Радовиш – Пожар, Кавадарци, Виница, 3 – Струмица, 2 – Прилеп, Берово, 1 – Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес, Попова Шапка.
Триесет сантиметри изнесувала снежната покривка на Попова Шапка до седум часот утрово.
Од УХМР информираа дека времето денеска се очекува претпладне да биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, облачноста да се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде да има врнежи од дожд, а на повисоките планини, слаб снег. Се очекува да дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура најавено е да биде во интервал од 6 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје, се очекува облачно време, а попладне со повремен дожд. Синоптичарите најавија да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура се очекува да достигне до 7 Целзиусови степени.



