Култура

„Кавалерија Рустикана“ вечер на сцената на Македонската опера и балет

Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена вечер (28 јануари) во 19. 30 часот на сцената на Македонската опера и балет, соопштија од установата.

Иако трае само околу 75 минути, „Кавалерија рустикана” е моќна, драматична и емотивна опера која остава силен впечаток.

Диригент е Иван Еминовиќ, а режисер -Џандоменико Вакари (Италија).
Настапуваат Благица Поп Томова како Сантуца, Зоран Сотиров – Туриду, Ристе Велков – Алфио, а Александра Лазаревска Василевски/ Марија Наумовска – Лола и Марика Поповиќ како Мајка Лучија.

Учествуваат и хорот и оркестарот на Македонската опера и балет.

Тагови

Поврзани вести