Фото

Избор на најсмешна фотографија од дивиот свет 2018

Галерија од најсмешна фотографија од дивиот свет 2018

Натпреварот за најсмешна фотографија од дивиот свет ги избра своите финалисти за 2018 година. Од вкупно 2.000 кандидати беа избрани само 41.

– Стандардот на фотографијата, во однос на квалитетот на фотографијата, се зголемува секоја година. Хуморот останува брилијантен, а оваа година има и нови животни што претходно не сме ги имале – вели Том Салум, еден од основачите на натпреварот.

Том вели дека фотографиите се мешавина – 30 отсто професионални и 70 отсто аматерски, со што има поширока разновидност на фотографирани животни. Пораката што организаторите сакаат да ја испратат е конзервација на дивиот свет.
Наградите ќе бидат објавени на 15 ноември во Фојлес, во Чаринг Крос, Лондон. Уживајте во фотографиите од финалистите.
Тагови