Македонија

ЕСС расправа за потрошувачката кошничка и минималната плата

Денеска ќе се одржи седница на Економско-социјален совет (ЕСС), на која една од клучните точки на дневниот ред ќе биде просечната потрошувачка кошничка.

Како што информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, Владата веќе ја изготвила кошничката, но сè уште се очекува став од работодавачите и синдикатите. Таа повторно ќе биде разгледана со цел да се отвори поширока дискусија и да се финализира врз основа на реални податоци од релевантни институции.

На истата седница се очекува да биде соопштена и точната сума за зголемување на минималната плата.

Министерот посочи дека целта е граѓаните да добијат прецизна и институционално проверена пресметка за тоа колку средства му се потребни на едно четиричлено семејство за покривање на месечните трошоци. Во однос на барањата за повисока минимална плата, повтори дека Владата ќе поддржи решение што ќе биде договорено меѓу синдикатите и работодавачите.

Доколку биде постигнат договор, одлуките би можеле да стапат во сила во наредниот период, по официјалната процедура.

Тагови

Поврзани вести