Свет

Еко клуб со еко дресови

Англискиот фудбалски клуб Форест Грин кој минатата година беше прогласен за најзелениот спортски клуб во светот денеска претстави уникатни дресови, единствени во светот направени од бамбус. Освен што се направени од бамбусови влакна исто така и бојата им е иста како бамбусово дрво, а е вметнат и елемент од животинското кралство – линии во стилот на зебра.
Црпевме инспирација од природата за нашиот нов комплет на дресови – дезенот е тело на зебра, а направен е од бамбусови дрвја. Шокирани сме од тоа што модерната спортска опрема е всушност направена од пластика – за мене е погрешно, не само од гледна точка на одржливост, туку и од перформансите“, вели првиот човек на клубот Дејл Винс.
Бамбусот може да порасне до 1 метар дневно и има незаменлива способност да го апсорбира јаглеродот.

Тагови

Поврзани вести