Македонија

ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО НАМАЛЕНО ЗА ДВА САНТИМЕТРИ

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатие две природни езера во земјава се исти, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водосотојот на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисок од повеќегодишниот просек за септември, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за девет сантиметри кај Охридското и за 87 сантиметри кај Преспанското Езеро.

Тагови

Поврзани вести