Македонија

ДЗС работи на обука на пилоти пред сезоната на пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, го посети спортскиот аеродром во близина на Штип, каде оствари средба со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“ и поранешен пилот и инструктор.

На средбата се разговарало за можностите за обука на нови пилоти за авиони „ер трактор“, кои се користат за гаснење пожари. Ангелов се сретнал и со тројца кандидати со повеќе од 300 часа искуство во спортско летање, а воедно реализирал и извидувачки лет над штипскиот регион со еден од нив.

Во моментов, Дирекцијата располага со пет пилоти за овие летала. Еден авион е веќе оперативен, додека два се на сервис и се очекува да бидат вратени и подготвени за употреба во текот на април, најдоцна до мај.

Со овие подготовки, институцијата има за цел поефикасно да одговори на предизвиците од претстојната сезона на пожари на отворено.

Тагови

Поврзани вести