Децата кои беа заробени во тајландската пештера тргнуваат на 17-дневно патување
04/10/2018
Дванаесетте момчиња кои беа заробени заедно со својот тренер во поплавената пештера на северот на Тајланд скоро три недели, заминуваат на 17-дневен пат при што ќе се запознаат со млади фудбалери во Аргентина и ќе ги посетат САД.
Според зборовите на заменикот портпарол на тајландската влада Верачон Сукондхапатипака, целта на патувањето не е децата да одат на одмор, туку да му покажат на светот какви се тајландските деца.
Тој вели дека целта на патувањето е и да се даде шанса на децата да му се заблагодарат на целиот свет за меѓународните напори во нивното спасување.
Трошоците за патувањето ги покриваат организаторите на настаните на кои тие ќе присуствуваат како поканети гости.