Култура
Двете најголеми фолклорни сили на Балканот – „Танец“ и „Ладо“ вечерва ќе ги здружат своите чекори на Хераклеа

Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо!
Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност.
Ова лето, бидете дел од магијата на две ексклузивни локации:
08 ЈУЛИ | БИТОЛА – Антички локалитет ХЕРАКЛЕЈА (Под отворено небо, каде што секој камен шепоти историја, ќе одекне моќниот тапан и раскошниот глас!)
Два концерта. Две држави. Една чиста, нераскинлива љубов кон корените. Врвна кореографија, колоритни носии и вокали што предизвикуваат морници!



