Македонија
Граѓаните ќе добиваат мејл-известување 3 месеци пред истекот на личната карта

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски објасни дека граѓаните три месеци пред истекот на личната карта автоматски ќе добиваат известување преку „е-сандаче“ и е-маил. Пораката ќе содржи и линк за закажување термин за обновување на документот.
Проектот „е-сандаче“ овозможува директна електронска комуникација на државата со граѓаните за опомени, документи и други услуги. За оние кои немаат интернет или компјутер, се воведува „е-киоск“ за лесно користење на услугите 24/7.
Во тек е и апликацијата „е-Услуги“, која во февруари ќе овозможи електронски лични документи, како лична карта и возачка дозвола, и други услуги. Дополнително, се тестира проектот „е-бебе“ за автоматско пријавување новороденчиња и издавање прв извод додека мајката е во болница, со почеток на 1 март.



