Македонија

Во Кичево евакуирани и згрижени 250 лица – 61 дете меѓу нив, најмалото има еден месец

Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет. Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата.

Дистрибуираат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

-Покрај материјалната помош, волонтерите пружаат и психосоцијална поддршка (ПСС), обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат проценка на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен, велат од Црвен крст.

Како резултат на поплавите во Кичево, евакуирани и згрижени се вкупно 250 лица во Кичево.

-Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет. Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода. За привремено сместување на евакуираните е обезбедена спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде им се обезбедуваат основни услови за престој, велат од Црвен крст.

Надлежните служби и Црвениот крст остануваат на терен и продолжуваат со активностите за помош и поддршка на погоденото население.

Тагови

Поврзани вести