КлимаСвет

Во Бразил падна снег (Видео)

Во Бразил деновиве има значителен пад на температурите, а вчера падна и снег.Автомобилите, улиците и автопатите се покриени со снег и мраз.

„Имам 62 години и никогаш не сум видел снег. Гледањето на убавината на природата е нешто што не може да се опише“, изјави возачот на камион Гонкалвес Маркес во градот Камбара до Сул за ТВ Глобо

Повеќе од 40 градови во државата Рио Гранде до Сул се под мраз, а снег падна во најмалку 33 општини, објави метеоролошката компанија Сомар Метеорологија.

Невообичаено студеното време во Бразил веќе успеа да ги зголеми меѓународните цени на кафето и шеќерот, а денес е најстудениот ден во годината, пишува „Ројтерс“.

Тагови

Поврзани вести