Македонија
Внимание – од денеска 40 евра казни и за пешачи, ако зборуваат на мобилен додека поминуваат пешачки

Според новите правила, пешаците се обврзани да поминуваат улица со зголемено внимание и без користење на уреди кои го намалуваат вниманието. Ова значи дека полицијата може да ви изрече казна од 40 евра доколку ве забележи како поминувате пешачки премин додека зборувате на телефон или гледате во екранот. Истата обврска за внимание важи и за возачите на тротинети, за кои казната е 50 евра.
Надлежните најавуваат дека од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни мерки за возачите на автомобили. Со помош на камерите од системот „Безбеден град“, ќе се казнуваат прекршоци како поминување на црвено светло и непрописно паркирање.



