Култура

Велигденски концерт на „Танец“ во МНТ

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, вечерва (20:00 часот), во Македонскиот народен театар ќе го одржи својот традиционален велигденски концерт.

– Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде што традицијата се среќава со современиот израз – велат од „Танец“. Концертот насловен „Велигденско празнување“ оваа година носи посебна порака и енергија поврзана со моќното мото на новата концертна сезона – „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“. „Танец“ ќе претстави програма што е мост меѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет, најавува организаторот.

Публиката може да очекува безвремени кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош од македонските народни носии, секоја со свои приказна и вез, концерт што ги слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време.

Билетите ќе бидат достапни на билетарницата на МНТ и онлајн, преку официјалната мрежа на МНТ.

Придружете ни се во Македонскиот народен театар, каде што сцената ќе пулсира со енергијата на нашите предци, интерпретирана од професионалноста на врвните уметници на „Танец“, вели организаторот.

Тагови

Поврзани вести