Храна

Варената пченка треба да ја јадете почестo

Сега е вистински момент за варење пченка, таа едноставно е превкусна, но и здрава.

Доколку не сте знаеле, сега е време да дознаете дека варената пченка има моќно антиоксидантско дејство кое се ослободува за време на варењето, богата е и со витамин Б1.

Мислењето на многумина е дека свежиот зеленчук е поздрав од варениот, но тоа не важи за пченката.

При термичката обработка на пченката – варење или печење, доаѓа до ослободување на молекули со антиоксидативна активност, што ги зголемува нивните заштитнички моќи.

Антиоксидантите се молекули кои му помагаат на организмот во одбраната од штетните слободни радикали и така штитат од низа дегенеративни болести, како катаракта, болести на срцето и Алцхајмерова болест.

Ова се само некои од причините поради кои варената пченка треба да ја јадете почестo:

– пченката е одлична превенција за Алцхајмерова болест

– ефикасна е и во борбата против телесната тежина

– го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести

– го намалува апсорбирањето на холестеролот во крвта

– го регулира дијабетесот и хипертензијата

– ги јакне коските

– го регулираат процесот на варење на храната

– делуваат позитивно на кожата и видот.

Тагови

Поврзани вести