Македонија
Без вода делови од „Васил Ѓорѓов“, „Козара“ и „Адам Мицкиевиќ“

Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Васил Ѓорѓов“ бб, во близина на ОУ „Киро Глигоров“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во неколку делови од градот.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Ѓорѓов“, „Адам Мицкиевиќ“, делови од „Киро Глигоров“ и „Козара“, како и Заводот за физикална медицина и рехабилитација. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато од 09:00 часот и ќе биде воспоставено по целосно санирање на дефектот.
Дополнително, поради дефект на затварач (шибер) Ф100 мм на улица „5“ број 47, дојде до прекин на водоснабдувањето во Зелениково и во дел од селото Моране. Во овој дел, водата е исклучена од 08:30 часот и ќе биде пуштена по завршување на интервенцијата на терен.
Од надлежното претпријатие апелираат на трпение кај граѓаните и најавуваат дека екипите интензивно работат на отстранување на дефектите.



