Македонија
Се зголемува бројот на заболени во земјава, за 24 часа 52 нови случаи, починаа 4 пациенти

Во последните 24 часа регистрирани се 52 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 661 тест.
Распоред по градови:
Скопје – 26
Тетово – 9
Штип – 7
Куманово – 6
Струга – 2
Велес – 1
Кочани – 1
Истовремено, 30 пациенти се излекувани, а починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19.
Двајца од починатите се од Скопје, еден е од Тетово и еден од Велес.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2130.
Излекувани се 1516, а починале 126 пациенти.