Свет
Природни убавини и летни авантури во Шалешката долина
Оваа долина има навистина специфични приказни, а градот Велење ќе ве воодушеви. Во овој град ве очекуваат голем број доживувања. Тука е поставена необичната кула која е во вид на триаголник, а таа претставува влез во долината Шалеш, делот на атрактивните езера. Исто така има термални бањи опкружени со зеленило, кои служат за вистинска релаксација. Рударството има друг изглед, на ова место посетителите можат да се воодушевуваат на необичното индустриско наследство и зелените предели.
Велење е град со визија и енергија. Важи за еден од најсончевите и најзелените градови во Словенија. Покрај езерото се развиваат друштвениот, спортскиот и рекративниот живот на градот. Велењската плажа е најдобра почетна точка за прошетки, за возење велосипед, пливање, едрење, одмарање во пријатните кафулиња… Ова е особено интересен предел и за децата, кои можат да уживаат во бесплатниот воден парк и на детските игралишта покрај езерото. Вистинско задоволство претставува крстарењето со брод или нуркањето каде што посетителите можат да слушнат и видат многу приказни за потопените села.
Покрај Шалешкото езеро се наоѓаат патеки за велосипеди и пешаци, фитнес на отворено, клупи за одмарање како и други инфраструктури кои може да се применуваат во слободно време.
Гостопримството и традицијата се во преден план при посета на термалните бањи. Тука може да уживате во внатрешни и надворешни базени, да пробате најразлични искуства во велнес центарот и да се насладите во локалната кујна. Забавните анимации и водените турнеи низ околните знаменитости ќе ви помогнат да создадете незаборавни спомени во кое било годишно време.