Македонија

МВР со симулациска вежба денес и утре на аеродромот во Охрид

Денес попладне и утре во раните попладневни часови, на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба, организирана од надлежните институции, со цел проверка на нивната подготвеност за справување со кризни ситуации.

Активностите започнуваат денеска во 15 часот, додека продолжението на вежбата утре е предвидено од 13:30 часот. Преку ова сценарио ќе се тестира координацијата, брзината на реакција и ефикасноста на службите во услови на вонредни настани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека граѓаните може да забележат зголемено присуство на полициски сили и службени возила во и околу аеродромот. Во текот на вежбата, можно е да се слушнат звуци што наликуваат на истрели, како дел од симулацијата.

Надлежните апелираат до јавноста да не се вознемирува, бидејќи станува збор за контролирана активност насочена кон подобрување на безбедносните процедури и подготвеноста на институциите.

Тагови

Поврзани вести