Македонија
Македонските Сухои сепак не биле старо железо
Su-25 напаѓачките авиони донирани од Македонија сега се во служба на украинската армија, објавуваат повеќе украински медиуми и украински воени блогери.
Истите се реновирани и модернизирани, велат оттаму
Значи сепак македонските борбени авиони Su-25 не биле старо железо како што пробуваа да не убедат недоветните антимакедонски мегафони и аналитичари туку напротив за кратко време можат да се стават во полна борбена готовност како што велеа вистинските познавачи и патриоти.
Кој ќе ја сноси одговорноста за распродавање на Македонскиот имот и доведување на Македонија во подредена положба?
Имено со авионите, хеликоптерите и тенковите кои беа нелегално оттуѓени од АРМ и Македонците истите од регионална воена сила која парира на соседите не доведоа во моментов да Армијата нема оружје за одбрана и не донесоа на најниско воено (и секакво друго) ниво.
Истите квислинзи кои се фотографираа и правеа селфи и се перчеа со срамните прелети на авиони од Атинската армија пробуваа и убедуваа дека оружјето е старо железо за во отпад со единствена цел разоружување и ослабување на борбрната моќ на Македонската Армија и Македонија. Па сега наместо сега Македонски авиони да прават прелети над Атинското небо истите се во служба на туѓи армии.
Одговорност пред македонскиот народ!