Македонија
Tрибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“
Денес, со почеток од 18 часот во МКЦ, сала Фросина ќе се одржи Отворена трибина „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“
Во воведното излагање Елка Јачева –Улчар ќе се осврне врз глаголицата и кирилицата како две азбуки што егзистирале и егзистираат на наша почва од јазично-историски аспект. Лазе Трипков преку презентација посветена на глаголицата ќе ни ги прикаже глаголските букви низ сопствената визура и нивното симболичко значење. Ласко Џуровски, пак, на презентацијата на македонската кирилица ќе ни ги посочи предизвиците со кои се соочува таа во дигиталната ера и ќе ни понуди неколку решенија за нивно надминување.
Трибината кореспондира со изложбата „Македонска глаголица. Македонска кирилица“, која на 28 февруари се отвори во Галерија МКЦ.
Воведен збор: Елка Јачева-Улчар, Презентери: Лазе Трипков (глаголица), Ласко Џуровски (кирилица)