Забава

„Sneaker Wars: Адидас против Пума“ – Кога семејната расправија стана глобално ривалство

Нова документарна серија со наслов „Sneaker Wars: Адидас против Пума“ пристигнува на платформата Дизни+, носејќи ја фасцинантната приказна за тоа како едно семејно несогласување прерасна во едно од најголемите ривалства во историјата на спортот и модата.

Серијата ја истражува бурната историја на браќата Адолф (Ади) и Рудолф Даслер, кои во 1920-тите години започнале заеднички бизнис во Германија, создавајќи спортска обувка што брзо станала популарна. Но, по Втората светска војна, нивните лични конфликти довеле до поделба на семејниот бизнис. Така настанале двата светски спортски гиганти – Адидас и Пума.

„Сникер војни“ не е само документарец за спортска мода. Тој ја прикажува борбата за престиж, маркетинг-војните што се воделе со децении и начинот на кој овие брендови влијаеле на спортот, поп-културата и целокупната индустрија на обувки.

Во серијата се појавуваат и светски спортски икони како Дејвид Бе,кам, Нејмар и Усеин Болт кои сведочат за тоа колку големо културно влијание имаат Адидас и Пума и денес.

Премиерата на документарната серија е закажана за овој месец на Дизни+, а критиките веќе ја опишуваат како задолжително гледање за сите што се интересираат за историјата на спортот, модата и глобалните брендови.

Тагови

Поврзани вести