Енергетика
Oд март граѓаните сами ќе бираат од која фирма ќе купуваат електрична енергија

Од март следната година граѓаните ќе можат сами да бираат од која фирма ќе купуваат електрична енергија. Откако во септември на тендер ќе биде избрана фирмата која ќе ги снабдува граѓаните со струја кои нема да сакаат да ја купат на слободниот пазар, ќе започне постапката за целосна либерализација. 26 – те компании кои имаат лиценца за снабдување со струја во земјава, за девет месеци од донесување на Законот за енергетика треба да понудат пакет – понуди до домаќинствата.
Законот за енергетика предвидува целосна либерализација на пазарот на енергенси во земјава. Во рок од три месеци од донесување на законот треба да биде избран универзален снабдувач. Тој ќе има цени утврдени од Регулаторната комисија за енергетика. Останатите компании кои што имаат лиценца за снабдување со струја ќе им нудат пакети на граѓаните како кај мобилните оператори.
„Во моментот кога ќе биде избран универзалниот снабдувач веќе ќе се создадат услови да можат и граѓаните да бидат на слободен пазар, е сега тука мислам дека тоа е девет месеци од влегување на законот во сила, што значи ако законот влезе деновиве во сила, девет месеци од тој датум веќе мора пазарот да биде отворен за сите“, изјави вицепремиерот за економски прашања во Владата.
Во однос на цената на струјата кажаа дека никој со сигурност не може да каже дали во иднина ќе биде пониска, но тврди дека со либерализацијата на пазарот, цената на електричната енергија за граѓаните ќе биде поповолна бидејќи сами ќе одлучуваат од кој ќе купуваат.
Oд досегашните ,,либерализации” на пазарот искуството говори дека крајните потрошувачите сепак не добиваат повисок квалитет и подобри цени така да најветојатно во иднина не очекува полоша ситуација и со овој битен енергенс кој дирекно би удрил и по стандардот на обичниот граѓанин.