Економија
Oд каде пари за повисоки плати и пензии?
Предложеното покачување пензии и плати во јавниот сектор може да го чинат буџетот уште неколку стотини евра. Нема одговор од каде да се најдат овие пари во услови кога владата лани потрошила 630 милиони евра повеќе од што има, а јавниот долг надмина рекордни 7 милијарди евра.
Сите ветуваат покачување пензии и плати за администрацијата, но никој не кажува со кои пари ќе се платат. Опозицијата бара покачување на пензиите за 20 отсто или во просек за 3000 денари по пензионер, додека синдикатите бараат да се почитуваат колективните договори, што ќе значи скалесто покачување на останатите плати, откако минималната плата беше зголемена на 18 илјади денари. Власта вели дека прави анализи.
Во услови кога фирмите се сериозно погодени од економската кризата и се противат на зголемување на даноци, а државата е веќе рекордно задолжена, нејасно е од каде би се нашле пари за зголемување на платите и пензиите, јавува радио слободна европа.
Дали ова не води кон енормна инфлација и енормни задолжувања и кон конечен крах на државата што се повеќе и поочигледно дека е крајната цел.