Македонија
Oгнот од светиниколското с. Немањица продолжува да се движи во насока на Штип
Големиот пожар што вчера изби кај светиниколското село Немањица игзореа дел од куќите, еден човек го загуби животот, а голем дел жители морале да бидат евакуирани од нивните домови поради опасноста од огнот. Дел од нив не сакале да ги напуштат куќите.

Сепак пожарникарите и полицијата одеа од куќа до куќа да проверуваат каде има луѓе и да ги изнесуваат од објектите оние што заостанале.
– Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу… Едноставно, од страна на пожарникарите, се проверуваа и дел од загрозените од пожарот куќи, за некој жител случајно да не останал… Тешко им беше да ги напуштат домовите, велат утрово од ЦУК.
Пожарот ов светиниколско уште е активен, денеска покрај пожарникарите од земја, ќе гасат и еден хеликоптер и три ер-трактори.