Забава
2021 колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали
Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021.
Одржливоста продолжува да биде во првите редови на модната индустрија, и нуди дизајни за сочувување на животната средина за потоплите денови во 2021 година со новата колекција Mango Committed 2021.
„Оваа сезона, 79% од облеката е дизајнирана од еколошки материја, а компанијата очекува бројката да достигне 100% до 2022 година “, наведуваат од брендот.
Во едиторијалот кој ги прикажува трендовските модни изгледи на новата сезона се појавуваат моделите Фелис Ноордхоф и Хамид Онифаде. Фотографирано е на локации во Мајорка, Шпанија, додека амбиентот на отворено одговара совршено со дизајните од природни ткаенини, вклучувајќи лен и памук.
Акцентот е на лесната гардероба и белата нијанса, кошули и фустани со копчиња, панталони и бермуди со висок струк, а од модните додатоци доминираат ѓерданчињата во сончево златна нијанса.
Во продолжение, ѕирнете што ни носи Манго за пролет/лето 2021.