Свет
Eмотивен говор на Грета Тунберг за климатските промени
Со моќен говор до светските лидери, шведската активистка Грета Турнберг ги повика на заедничка борба против климатските промени.
Младата Швеѓанка им порача дека очите на нејзината и на идните генерации се вперени кон нив, и доколку веднаш не преземат нешто, тие никогаш нема да ја простат нивната индиферентност кон светската егзистенцијална криза. Како се осмелувате – беа најчестите зборови кои им ги упати во својот говор, кој изминатите 24 часа ги презема социјалните мрежи.
-Како се осмелувате! Ги украдовте моите сништа и моето детство со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, умираат, цели еко-системи колабираат. Ние сме на почетокот на масовно изумирање, а се што вие можете да разговарате се пари и бајки за вечен економски напредок. Како се осмелувате. Очите на сите идни генерации се врз вас, и ако се одлучите да не изневерите, ви велам – нема никогаш да ви простиме,изјави Грета Турнберг – Активистка.
Турнберг од политичарите побара итни мерки и потсети дека дури и да се намалат емисиите на штетни гасови за половина во следната декада, тогаш човештвото би имало само 50 проценти шанса да ја спречи неповратната климатска катастрофа во иднина.
„Можеби 50 отсто шанси е прифатливо за вас. Но, тие бројки не вклучуваат точки на пресврт, како што е дополнително затоплување скриено зад токсичното загадување на воздухот или аспектите на правдата и правичноста. Тие исто така се потпираат на тоа дека мојата и генерацијата на моите деца ќе дишат стотици милијарди тони од вашиот СО2 од воздухот“,изјави Грета Турнберг – Активистка.
Големо внимание на самитот привлече и пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп. Снимката од неговото пристигнување и погледот на младата активистка веќе е хит на социјалните мрежи
Токму Трамп кој е скептик за климатските промени, за лутиот говор на Турнберг, на социјалната мрежа Твитер саркастично напиша дека таа е среќно младо девојче со светла иднина. Младата активистка се соочи и со критики од дел од американските медиуми кои ја споредија со лик од хорор филм, а на социјалните мрежи во САД беше споделена и фотографија во која таа се споредува со девојка од нацистичка пропаганда.
Турнберг беше на чело на протестите против климатските промени во кои учествуваа активисти во повеќе од 150 земји, меѓу нив и во Македонија.