Македонија
Eколошката куќичка во Долно Оризари изградена без механизација и во слободно време
Димче Ацков, човекот кој го живее сонот за пространост, мир, тишина и слобода.

Димче има своја уникатна приказна, има своја огромна заслуга кога станува збор за промоцијата и развојот на туризмот во регионот на Велес. Димче е човек кој неуморно вложува од својата љубов кон изградбата на првото еколошко село во месноста Долно Оризари која се наоѓа на 4 километри од градот Велес.
Оваа еко куќичка е идеална за дневни посети, супер место да ги одведете вашите деца на едукативна тура, да го запознаат Димче и да научат многу работи за тоа како може да се искористат природните ресурси кои ни ги дарува земјата и како може да живееме во мир и хармонија.
Димче честопати организира отворени викенди, каде секој кој е заинтересиран може да ја посети локацијата.
За оние кои се чувствуваат доволно авантуристи, вели дека може слободно да останат на ноќевање. Куќичката има голема пространост, а во дневниот престој има изграден уникатен камин на дрва кој служи за греење преку зима.
Еколошката куќичка ја градел во текот на летните периоди и ја градел сам, без механизација и во слободно време. За да ја заврши му биле потребни неколку лета, или ако ги собере сите денови вложени за изградбата, тоа се вкупно 6 месеци за да ја изгради.
Во најголем дел изградена е од земја и рециклирани материјали. Преку овој метод, секој може да се увери дека можно е да се изгради куќа од земја и од работи кои ги фрлаат луѓето.
Куќата соодржи една голема или главна куполта која има 30 квадратни метри и две мали простории од по 6 квадрати. Дневната светлина се добива од два прозори кои се наоѓаат во големата куполта и по еден во малите помошни простории. Во главната куполта има уникатен под направен од глина, камин и место за седење за 4 лица, пренесува kajak.mk
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за внатрешноста, точната локација, повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.