Патувања
Champery – зимски рај во Швајцарија!
За сите вас кои сакате да уживате во зимските магии …
Прекрасно, тивко и задоволително рустикално, планинското село Champery во Швајцарија е релаксирачко и прекрасно скриено место за зимски одмори и празници.
Идеално е за скијачи кои сакаат да одат некаде каде што е релативно тивко и мирно, упријатно за очите, со пристап до најдобрите скијачки патеки. Одморалиштето е претежно населено со планински колиби од старо дрва, расфрлани во подножјето на планината. Од тука можете лесно да стигнете до Portes du Soleil, вклучувајќи го и Avoriaz, кој е вистински снежен рај на 1800 метри надморска височина.
Локалните скијачки патеки се отворени и не се застрашувачки, главно се сончеви – што е одлично во утринските часови, но се поголем предизвик во попладневните часови. Постојат два лифта од селото до Planachaux, односно до почетокот на големиот предел Portes du Soleil.
Забава може да се најде насекаде, постојат мноштво од ресторани, вклучувајќи го и Chez Gaby, со својата класична рустична нота. Секој може да ужива во погледот на прекрасните сончеви падини со снег, зајдисонцето и бесконечниот простор на оваа прекрасна природа.