Забава

“Celsius” совети – Целулитот е проблем на 90% од жените!

 Целулитот е деформитет речиси кај секоја жена и најчесто е предизвикан од зголемени маснотии и токсини во внатрешниот дел на кожата, и настанува како последица од недостиг на циркулација во поткожното ткиво. Правилната борба и превентива против целулитот секако е лекување преку исхрана, вежбање и со масажи. Прашањето кое често ги мачи девојките и жените е како да се ослободиме од него? Па дали може накратко да објасниме што претставува антицелулитен третман, како се користи и за колку време има видливи резултати?

  • Овој третман всушност е третман кој со најголема брзина го согорува целулитот и ја измазнува кожата или поинаку кажано 3 во 1 третман. Првично започнува со Вакум терапија. Со овој тип на вакум терапијата механички се извлекува целулитот кој се наоѓа блиску до површината на кожата и ја забрзува циркулацијата во делот кој се третира. Со сето тоа се подобрува и протокот на свеж кислород до оштетените места, а сврзното ткиво станува уште поеластично. По направената вакум терапија следи третман со радиофревенција, кој служи за затегнување на кожата. Радиобрановите ефикасно го третираат целулитот, а притоа истовремено делуваат на длабоките слоеви  масни наслаги. На крај се завршува со лимфна дренажа. За виден резултат препорачливи се минимум 5 третмни, нормално, во зависност од типот на целулитот. 

Убавината, здравото и свежо лице од секогаш важат како одлик на нашиот начин на живот, но сепак стресното и брзо време во коешто живееме си го прават своето, па е потребна дополнителна нега кога станува збор за нашиот изглед. За наша среќа технологијата се движи брзо и секогаш ни нуди различни методи со кои можеме да се чувствуваме подобро. Еден од начините да се добие комплетно свеж изглед е  Cryoderm Третман, па би сакала да ми кажете нешто повеќе околу тоа?

  • Третманот започнува со чистење на лицето и отсранување на мртвите клетки од површината на кожата. Потоа следува вакумска терапја за подигање на тонусот и истакнување на контурите на лицето. Следен третман е третманот со радиофреквентни бранови со кои се постигнува создавање на нов колаген, за постигнување на цврста и затегната кожа. Третманот се завршува со Cryo терапија која делува на принцип на ладење. Криотерапијата создава чувство на опуштање и го спречува црвенилото на кожата. Со овој третман се постигнува и затварање на капилари и овозможува блескава и сјајна кожа. Резултатите се веднаш видливи – кажува Гордана.

Нудите и пакет третмани за намалување на облик и затегнување, дали може да ги наброиме и кажеме кој се тие?

  • Да, секако. Имаме повеќе типови на третмани за намалување на обем и затегнување на телото. Тие се:

1.Пакетот од 5 третмани антицелулитни масажи + 5 вакум третмани  за обликување на тело.

2.Пакет од 5 Мадеро третмани + 5 бодиврап (топење на масни наслаги)

3.Пакет од 5 Cryolipolysis по избор на регија + 5 вакум на тело

Епа девојки, ние нашето го направивме, сега оставаме на Вас да го посетите салонот и самите да се уверите во погорепишаното. Пакетите имаат до 20% попуст, побрзајте. Топли прегратки ви испраќа тимот на “Celsius”.

Разговарала: Ивана Јанковска

 

Тагови

Поврзани вести