Забава
“Celsius” совети – ТРЕНДОВИ ЗА МАНИКИР ЗА ОВАА ЗИМА
Грижата за ноктите е навистина важна, бидејќи покрај тоа што треба да се грижите за здравјето на вашите раце, сепак треба да се трудите да ги одржувате ноктите убави. Рацете многу често се дел од телото кој е во центарот на вниманието, па поради тоа сигурно не би сакале да имате изгризани нокти или пак нокти со излупен лак. Козметичко студио “Celsius” нуди беспрекорни услуги кога станува збор токму за оваа тема.
Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. Тимот на “Celsius” секогаш е во тек со најновите трендови.
Дајте им шик, младешки изглед на вашите нокти со поставување на светки или украсни токи врз неисушен лак.
Покрај средените нокти со беспрекорен изглед, козметичко студио “Celsius” на своите клиенти им овозможува користење на парафински третман, како најбрз начин на нега и регенерација на кожата на рацете. Парафинскиот третман се состои од посебен восок кој ќе навлезе во порите на кожата и помага кожата да биде мека и хидрирана , а најмногу одговара на оние кои имаат ладни раце и болки во зглобовите. Моментално сите клиенти го добиваат овој третман гратис, како благодарност за својата лојалност.