Забава

“Celsius” совети – Како да ја негувате косата во зима?!

Во текот на зимата треба да ја негувате косата исто како и во летните денови, бидејќи не ја оштетува косата само сонцето или високите температури.

За да го зачувате сјајот на вашата коса треба да го направите следново:

  • Секогаш кога ја миете косата користете балсам кој ќе ја потхранува косата.

  • Пред да излезете од дома убаво исушете ја косата, затоа што влагата во воздухот ќе ја оштети.

  • Барем еднаш во неделата направете маска од загреано маслиново масло со сок од лимон, која ќе ја нанесете на коренот и влакното на косата и ќе ја оставите да дејствува 15 минути. Потоа само исплакне те ја со топла вода.

  • Секогаш кога се многу ниски температурите носете капа, затоа што таа најдобро ќе ја заштити вашата коса од влагата и студот.
Тагови

Поврзани вести