ЗабаваМакедонија
“Celsius” козметички салон: “Секојдневната работа на крајот го носи успехот!”
Жената носи посебна енергија и е најубава тогаш кога е задоволна со себе. Затоа, во ова современо живеење кога слободното време е луксуз, многу значајно за секоја жена е добро да го организира текот на денот и секогаш да одвои барем минимално време за себе.
Секојдневната нега на духовната и телесната убавина имаат долгорочен ефект, а тоа е жена полна со самодоверба што е еден од клучните фактори за успех на секое поле.
На таа тема разговаравме со Анита Лазарова, одговорна за козметичкиот салон “Celsius”, која го сподели своето лично искуство и секојдневниот контакт со клиентите.
Речиси две години “Celsius” успешно вивнува кон врвот, само задоволни и насмеани лица излегуваат од вашиот козметички салон, на што се должи тоа?
Денес предноста е дека се ни е достапно и сите сме поврзани, така што брзо и ефикасно можеме да реализираме се што сме замислиле. Велат дека кога работиш со љубов не го чувтвуваш товарот на работата и е исто како да не си работел ниту еден ден. Изминатиот период беше исполнет со многу позитивни моменти, уживање во комуникацијата со редовните клиенти, креирањето на релации со нови клиенти и соработници, како и успешна реализација на планови во однос на насоката на бизнисот и квалитетот кој го нудиме. Па од сето ова произлегоја и позитивните резултати кои ги напоменавте погоре.
По што “Celsius” се издвојува од останатите салони за нега и убавина во Скопје?
Животот е маратон, а не спринт. Така и со работата. Се што е правилно на крајот го пронаоѓа својот пат до вас. Секојдневната работа на крајот го носи успехот. Веруваме во две суштински вредности, а тие се беспрекорна услуга и однос кон и со клиентите и високо ниво на професионализам. Благодарни сме на клиентите за нивната поддршка, искреност и лојалност. Достапни сме за нашите клиенти во секое време. Може да не контактираат преку социјалните мрежи од каде ги закажуваат своите термини, celsius.mk е нашето име на Инстаграм и на Фејзбук.
Се ближат празници, а за празниците сите сакаат да изгледаат магично, што им нуди тимот на “Celsius” на своите клиенти токму во претстојниот период?
Како што и самите кажавте пред праг ни се многу празници како и влегување во новата година, а ова е период во кој луѓето едноставно сакаат да блескаат. Не дека во останатиот период не е така, но сега едноставно нешто се случува, или поинаку кажано сите се припремаат почетокот на годината да го започнат во најдобро светло. Ние се погриживме секој да може да си дозволи да изгледа поразлично и да се чувствува убаво во своја кожа, па затоа имаме промотивни 20% попуст на нашите козметички услуги, професионалната шминка, јапонското исцртување на веѓи и lash лифтингот.
Дали можеме да дадеме кратко објаснување околу сите услуги што ги нудите?
Од фризерски услуги нудиме широка палета. Во полето за промена на боја за коса може да се пофалиме со фантастични резултати кои пред се, се од големата умешност на нашиот персонал кој навистина знае како да го направи тоа најдобро, но секако големо влијание имаат и висококвалитетните продукти и брендови со кои работиме. Имаме голем избор на третмани за коса во однос на сите типови на коса и во однос на сезоната, тука би ги издвоиле ботоксот, медицинскиот и третманот за хидратација на коса со кои навистина се постигнуваат видливи и брзи резултати.
Исто така имаме врвни третмани за нега на лице и тело за сите возрасти и сите типови кожа. Палетата опфаќа третмани за освежување кои се препорачуваат за редовна нега, како и луксузни третмани за уживање и релаксирање. Тука ги вбројуваме и беспрекорните маникир и педикир, професионална шминка, јапонската метода за исцртување на веѓи како и многу други услуги…
Крајот на годината секогаш е резервиран за сумирање на впечатоци и импресии. На што сте особено горди за оваа 2019-та година и кои се вашите планови во однос на следната што доаѓа?
Горди сме на досегашното постоење на “Celsius” како и дружбата и пријателствата кои ги стекнавме во него. Ние сме една мала фамилија која се поддржува и цени во своите вредности, а воедно и се стреми на достигнување на уште подобри резултати преку континуирано учење на обуки како и следење на светските новитети во однос на убавината и негата. Следната 2020 година ја очекуваме со освежувачки елан за уште поголем успех. Ќе продолжиме со широка насмевка да се грижиме и да ги разубавуваме нашите клиенти.
Разговарала: Ивана Јанковска