Култура

Bad People на Iggy Man ќе биде прв пат претставен на Cotton Blues Festival

Bad People е најновото музичко издание на Игор Станоевски – Iggy Man во форма на ЕР, кое претставува сублимат од блуз, рок, ритам и блуз, и спиритуал влијанијата на авторските песни кои се појавувават на истото.

EP-то се содржи од 5 нумери, од кои 4 се авторски дела и плус една обработка на Love in Vain, блуз класик од Роберт Џонсон.

На изданието се ритам секцијата Гоце Стевковски и Дарко Мучев Мучо, но и неколку гости: и тоа, на усна хармоника Џорџ Апостолакис, Александар Никодиновски на клавијатури, Наум Александровски на гитара и Рената Симоновска на придружни вокали. Изданието ќе биде достапно во физичка форма на усб флеш во ограничени примероци, но и објавено на дигиталните стриминг платформи…

Изданието ќе биде прв пат претставено на Cotton Blues Festival.

Тагови

Поврзани вести