Македонија
Македонија го одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот
Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Споменикот „Ослободители на Скопје“, Владата денеска ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот - 9 Maj.
Македонците со стоилјадна војска ослободија дел од Македонија и се дел од антифашистичката победа во втората светска војна. Вечна слава за Македонските херои!
Владината прес-служба соопшти дека делегација , во 11 часот ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација, ќе положи цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Македонија