Забава

Корнет вафли со Спорт Крем!!

Во еден мал сад со жица измешајте ги брашното, шеќерот во прав, циметот и нишестето.

Во поголем сад матете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер додека не добиете пена, некаде околу 5 мин. Додајте ги сувите состојки и измешајте со шпатула додека состојките сосема не се соединат.

Оставете да одстои покриено 30 мин.

Загрејте ја вафлерицата или обичен тостер. Ставајте купчиња колку една лажица и испечете вафли. Ако печите во срцест калап, раздвојте ги веднаш, зошто после се кршат, а ако печите на обичен тостер, уште додека се топли исечете кругови или други форми по ваша желба.

Не ги препекувајте и не ги правете предебели зошто доста се стврднуваат кога ќе се оладат.

Оставете на жица сосема да се оладат.

Спојувајте ги по 2 со неодоливиот Спорт Крем. Чувајте ги во добро затворена кутија за да не повлечат влага.

Уживајте во прекрасниот вкус…

Тагови

Поврзани вести