Свет

Истражување: 72% од луѓето немаат пристап до ресурсите што им се потребни!

Скоро три четвртини од сите луѓе живеат во нации каде што просечниот приход е под просекот, а трошењето на природните ресурси е побрзо од нивната обнова, пока

Студијата вели дека не сите земји ги користат ресурсите со исто темпо.

За да ја направат анализата, научниците ги разгледувале природните ресурси, вклучувајќи земјоделски површини, фосилни горива и вода. Како фактор го зеле и користењето на земјиштето за да ги вбројат и емисиите на јаглерод, како и развојот на згради и патишта, кој е во трката и за биолошки продуктивните области.

Благодарение на глобализацијата, земјите не ги користат само локалните ресурси, туку и оние на други места, така што ресурсите во некои области се исцрпуваат побрзо за да бидат во чекор со меѓународната побарувачка. Матис Вакернагел, основач и претседател на истражувачката организација Глобал футпринт нетворк и главен автор на новата студија, истакнува дека Катар прави една од најголемите штети во светот, додека земјите во развој прават многу помали штети. Згора на тоа, природните ресурси како земјата, водата и минералите не се дистрибуираат рамномерно низ целиот свет, што значи дека ресурсите на некои нации се извлекуваат многу побрзо.

За да испитаат како тоа влијае на различни земји, авторите собрале податоци од 1980 до 2017 година од различни меѓународни тела – како Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделство, Меѓународната агенција за енергетика и Базата на податоци за трговски статистики на Обединетите нации за да добијат целосна слика за тоа колку брзо се трошат ресурсите во секоја земја низ целиот свет. Тие потоа ги одвоиле нациите врз основа на два фактори: нивниот бруто домашен производ по жител и нивниот еколошки дефицит (што значи темпото со кое секоја нација ги троши биолошките ресурси, одземено од темпото со кое локалните екосистеми можат да ги обноват).

Откриле дека во 2017 година, 72% од светската популација живееле во земји со еколошки дефицит плус потпросечен приход. А глобалниот еколошки дефицит се зголемил на 73% – што значи дека таа година на глобално ниво сме искористиле за три четвртини повеќе ресурси од потребното.

Климатската криза само ги влошува овие проблеми слабеејќи ги екосистемите, па тие побавно се обновуваат. Шумите, на пример, кога се срамнети со земја, се помалку способни повторно да пораснат ако условите во околината се премногу жешки или суви.

Но не мора да биде така. Авторите наведуваат голем број решенија што може да помогнат во намалувањето на прекумерната потрошувачка на ресурсите, вклучително и зголемена заштита, еколошки поодржлив урбан развој и префрлување на регенеративно земјоделство и обновливи извори на енергија. Овие мерки треба да се комбинираат со потези за ограничување на исцрпувањето на ресурсите во веќе осиромашените области и намалување на економската нееднаквост, што може да вклучува политики како меѓународно простување долгови, задолжителна помош за сиромашните нации од богатите и поправедна и одржлива трговска политика.

„Ние ја градиме иднината со секој потрошен долар. Дали следниот долар го трошиме за да ја зголемиме човечката благосостојба, истовремено намалувајќи ја зависноста од ресурсите или зголемувајќи ја безбедноста на ресурсите? Ако не, земјата, градот или (или) регионот ќе станат поранливи на ресурсите“, рече Вакернагел

Тагови

Поврзани вести