Култура
55 години од смртта на Џими Хендрикс

На 18 септември 1970 година, светот ја загуби една од најсјајните ѕвезди на рок музиката – Џими Хендрикс. На само 27 години, тој трагично почина во хотелот Самарканд во Лондон. Иако беше на сцената само четири години, неговото влијание е длабоко врежано во историјата на музиката и се чувствува и денес.
Хендрикс не беше само гитарист – тој беше револуционер. Со „The Jimi Hendrix Experience“ ги создаде безвременските „Purple Haze“, „Hey Joe“, „The Wind Cries Mary“ и многу други песни што и денес живеат во срцата на љубителите на музиката. Неговата иновативна техника на свирење, користење на ефекти и експериментирање со звукот отворија нови хоризонти за рок музиката.Една седмица пред неговата смрт, Џими го имаше своето последно интервју во хотелот Камберленд, каде што разговараше со британскиот новинар Кит Алтам од списанието Record Mirror. Во разговорот зборуваше за психоделичната музика, славата, иднината на рокот, како и за своето чувство дека е несвесно ставен на пиедестал како „гитарски херој“. Тоа интервју денес се чита како интимен увид во мислите на еден уметник што чувствуваше дека неговата улога е многу поголема од самата музика.
Иако физички го нема веќе 55 години, легендата на Џими Хендрикс не само што преживува – таа цвета. Тој останува симбол на слобода, бунт и креативна моќ. Неговата гитара уште плаче, уште вреска, уште пее…