Свет
53 отсто од Французите веруваат дека владата на премиерот Барние треба да падне

Според најновата анкета на јавното мислење, 53 отсто од Французите сметаат дека владата на премиерот Мишел Барние треба да падне поради незадоволството од неговиот предложен буџет.
Триесет и три отсто испитаници се согласуваат со предложените мерки.
Според политички извори, владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, па дури и следната недела, доколку опозицијата, вклучително и крајната десница и левица, одлучат да покренат предлог за доверба на владата, што најверојатно ќе резултира со нејзин пад, јавија француски медиуми.